СПОРТФУДБАЛ

Челси пред испишување на историја, првиот клуб со пет различни европски трофеи

Лигата на Конференции влезе во својата завршна фаза, а во својата четврта сезона ќе добиеме нов освојувач на пехарот во третото по ред клупско натпреварување на УЕФА. Во претходните три изданија трофејот го освојуваа Рома, Вест Хем и Олимпијакос, а сега во полуфиналето ги следиме дуелите Бетис – Фиорентина и Челзи – Ѓургарден.

Advertisements

Оваа сезона од Конференциската лига би можела да влезе во историјата на европскиот и светскиот фудбал. Имено, ако Челси го освои трофејот, тогаш ќе стане првиот тим кој успеал да ги освои сите три натпреварувања: Лигата на шампионите, Лигата на Европа и Лигата на Конференции. За потсетување дека „сините“ имаат освоено и два трофеи во Купот на победниците на Куповите, и два пати Супер-Купот на Европа.

Тимот од Лондон шест пати бил англиски шампион, осум пати победник на ФА Купот, пет пати победник на Лига купот и четири пати победник на Суперкупот. Така во Англија имаат четири различни трофеи, како и во Европа. И тоа не е се, овој тим го има освоено и Светското клупско првенство.

Ако ја освои Конференциската лига, Челзи ќе стане првиот клуб со пет различни европски трофеи или првиот клуб во светот со десет различни трофеи.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button