ВЕСТИСВЕТ

Чешкиот парламент одби да ја продолжи вонредната состојба поради коронавирусот

Пратениците во чешкиот парламент гласаа против продолжување на вонредната состојба побарана од малцинската влада на премиерот Андреј Бабиш во обид да се запре растот на инфекциите со ковид-19. Парламентот гласаше против вонредната состојба во време кога соседна Германија објави дека ги затвора своите граници, со малку исклучоци, со Чешка и Тирол во Австрија, каде беше забележана голема стапка на инфекции со многу заразната мутација на вирусот.

Бабиш побара од парламентот да ја продолжи вонредната состојба, воведена на 30 септември, и по 14 февруари, давајќи ѝ право на владата да распоредува војници или пожарникари или да ги држи затворени повеќето продавници во борбата против пандемијата. Сепак, само 48 пратеници од 106 присутни беа за продолжување.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button