ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Четири членови на исто семејство во Тетово починаа како последица од компликации од Ковид 19

Четири членови на исто семејство во Тетово починаа како последица од компликации од Ковид 19. Од Ковид центарот во Тетово велат дека тројца од нив починале дома, а еден во болница, иако сите имале други придружни болести.

„Починале во домашни услови, но сите тројца со коморбидитет. Најмладата пациентка, на возраст од 36 години, имала дебелина, гинеколошки заболувања и други сериозни истовремени заболувања, а нејзините родители исто така имале сериозни болести. Родителот имал рак во терминална фаза, додека мајката  кардиомиопатија. Генетскиот фактор игра многу голема улога во оваа битка“.

Лекарите од Ковид центарот во Тетово велат дека има чести случаи кога заразени лица умираат во домашни услови. Исто така, има многу случаи кога граѓаните се лекуваат дома примајќи инфузии додека нивната состојба крајно не се влоши.

Од Клиниката за инфективни болести во Скопје велат дека лекувањето на пациентите кои предоцна одат во болница е многу тешко. Ваквите случаи често знаат да завршат трагично.

Лекарите апелираат до граѓаните да имаат доверба во здравствениот систем и веднаш откако ќе забележат било какви симптоми да отидат во болниците зашто третманот е поефикасен во рана фаза на болеста.

Инаку, на Инфективната клиника во Скопје во текот на последните 24 часа се хоспитализирани 12 пациенти со Ковид, додека 110 други се прегледани. Во моментов на оваа Клиника има 160 пациенти, од кои 130 се на кислородна поддршка. Во моментов во Тетовската болница се хоспитализирани 108 пациенти, од кои 106 со кислородна поддршка.

Vjollca Aliti

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button