ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Четири лица од сообраќајната несреќа на патот Гостивар-Кичево се пренесени во Скопје

Четири лица кои се здобиле со потешки повреди во сообраќајната несреќа што се случи на магистралниот пат Кичево-Гостивар во близина на Новоселски гробишта, се пренесени на Клиничкиот Центар во Скопје. Останатите лица се згрижени и им е укажана лекарска грижа.

Во сообраќајната несреќе повредени се вкупно седум лица, а едно лице го загуби животот.

–  Непосредно по сообраќајката организиран е тим од медицински персонал кој ги прими повредените во ообраќајната несреќа. Тројца, поради сериозноста на повредите и не во животозагрозувачка состојба, се испратени на скопските клиники. Набрзо за Скопје е испратен уште еден пациент, а останатите тројца коишто биле донесени на Урегентното одделение се медицински згрижени, изјави директорот на гостиварската Општа болница „Ферид Мурад”, Јакуп Јакупи.

Меѓу полесно повредените, според болнички извори, е и осудениот во случајот „Рекет“ Зоран Милески – Кичеец, кој затворска казна ја издржува во затворот во Струга.

Директорот на затворот во Струга Ваљон Ќуља за МИА изјави дека осудениот Зоран Милески Кичеец, на негово барање, бил на прекин на казната од 11 август до 11 септември поради болест на неговата мајка.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button