ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Четири пожари изминатото деноноќие во Куманово и Старо Нагоричане

Четири пожари изминатото деноноќие во Куманово и Старо Нагоричане

Четири пожари се случиле на подрачјето на општините Куманово и Старо Нагоричане, изминатото деноноќие, соопштија денеска од Регионалниот центар за управување со кризи Куманово.

На три различни локации горела сува трева, а бил опожарен и автомобил во близина на територијалната противпожарна единица Куманово, вчера попладне. Пожарникарите успеале го изгаснат за десет минути од 16:35 до 16:45 часот.

– Во пожарот нема повредни лица, пренесе информација РЦУК Куманово.

Сува трева и стрниште гореле во кумановското Агино село во 14:40. Пожарникарите го гаселе повеќе од два часа.

Во општина Старо Нагоричане горела сува трева и нискостеблести дрвја во Жегљане и сува трева во село Младо Нагоричане. На двата пожари, интервенирала по една екипа на противпожарната единица на Старо Нагоричане.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button