ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Четворица кандидати ќе се борат за следен претседател на СДСМ

Fatlume Dervishi

Јован Деспотовски, директорот на Технолошко индустриските развојни зони, ја поднесе својата кандидатура за претседател на СДСМ. Со програмата „Концепт 28“ станува четвртиот кандидат кој официјално влегува во трката за лидер на социјалдемократите. Деспотовски вели дека од овој демократски процес СДСМ ќе излезе посилна.

„Со концептот 28 нудиме поинаков пристап кон креирање и спроведување на политики и мерки. Нудиме концепт во политиката кој не поаѓа од „Кој“ туку од „Како“ и „Каков човек или луѓе“ се потребни. Концепт кој преку создавање на мерливи резултати ќе го зајакне СДСМ како водечка политичка организација во Северна Македонија и по следните парламентарни избори. Концепт кој ќе обезбеди континуитет и квалитет во спроведувањето на современите вредности и прогресивните политики до 2028 година.“

Покрај Деспотовски, членството на внатрепартиските избори ќе има можност да избира меѓу Фросина Ременски, поранешна заменик претседателка и поранешен пратеник на СДСМ, Димитар Ковачевски, заменик министер за финансии и Властимир Алексовски, член и активист од општинската организација на СДСМ во Куманово.

Фросина Ременски, поранешен потпретседател и поранешен пратеник на СДСМ

Димитар Ковачевски, заменик министер за финансии

Властимир Алексовски, член и активист од огранокот во Куманово

Ременски и Ковачевски своите програми ги доставија во ист ден. И двајцата рекоа дека целта им е да го вратат единството во членството и во коалиционите партнери. Ковачевски ја ужива поддршката и од актуелниот лидер Зоран Заев.

На 12 декември, членството на СДСМ на непосредни избори ќе го избере својот следен претседател. Се очекува претседателот кој ќе го замени Заев да биде мандатар.

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button