МАКЕДОНИЈА

Чиновниците се корумпирани, а не директорите и министрите, вели премиерот Заев

Последниот извештај на Стејт Департментот е доказ дека оваа Влада не е способна да се бори со корупцијата која е распространета низ цела земја. Опозициските партии обвинуваат дека државата станува хибриден режим, благодарение на корумпираната власт.

„Извештајот за Северна Македонија уште еднаш потврди дека обвинителството, полицијата и судството се целосно опфатени со висока корупција и дека Владата не покажува смелост да се бори со оваа појава. Ова е уште еден дополнителен доказ дека со владењеето на СДСМ и ДУИ, државата отстапува од европската агенда станувајќи хибриден режим“, рече Орхан Муртезани- Коалиција Алијанса на Албанците- Алтернатива.

„Продуктивна, ефикасна и високо конкуретна економија може да се создаде единствено преку деполитизација на правосудството и администрацијата и креирање на соодветни услови во прилог на барањата на бизнис заедницата, што за жал оваа владина коалиција во изминатите четири години не успеа да го направи“, рече Тимчо Муцунски- ВМРО- ДПМНЕ.

Премиерот Зоран Заев вината за корупцијата ја префрли врз административните службеници бидејќи тие имале контакти со граѓаните. Заев ги одбрани министрите и директорите за кои одговорно тврди дека не се корумпирани.

„Никаде во највисокиот ешалон, па дури и во вториот ешалон не е препознаена корупција. Значи, таа не е пронајдена кај министрите, кај директорите, пронајдена е по анализата системски, тоа значи во делот на административното функционирање на јавните институции. Го утврдивме нивото на корупција кое што се случува на трето ниво, таму каде што граѓаните шалтерски допираат како со имотен лист, одобрение за градба решение, согласност и слично и ќе го промениме“, рече Заев.

Извештајот на Стејт Департметот за инвестициската клима во земјава нотираше дека корупцијата во земјава е постојан проблем, закони има, но власта ги гони само критичарите и престапниците од ситен калибар.

Андреа Чобанова

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button