ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Член на дипломатската мисија на амбасадата на Русија во земјава прогласен за „персона нон грата“

Министерството за надворешни работи прогласи руски дипломат за персона нон грата, или непожелна личност во земјава. На 14 мај, амбасадорот на Руската Федерација Сергеј Александрович Баздикин беше поканет во Министерството за надворешни работи и му беше врачена белешка со која се бара дипломат на Руската амбасада во земјата да ја напушти територијата на Македонија во рок од седум дена. Веста му ја предал на Баздикин службено лице од Министерството за надворешни работи во согласност со дипломатскиот протокол.

Причината за прогласување „персона нон грата“ не ја разјаснува Министерството за надворешни работи, но, неофицијално, се дознава дека се дејствија кои не се во согласност со однесување очекувано од странски дипломат кој служи во земја домаќин. Претседателот Стево Пендаровски потврди дека Министерството за надворешни работи имало причини за таквата одлука.

Министерството за надворешни работи својата одлука ја темели на членот 9 од Виенската конвенција за дипломатски односи.

„Државата домаќин може во кое било време, без да има потреба да ја појасни одлуката, да ја извести државата испраќач дека шефот на мисијата или кој било член на дипломатската мисија е „персона нон грата“, или кој било друг член на персоналот дека е неприфатлив. Во секој случај, државата испраќач мора да го повлече лицето или да ја прекине неговата функција во дипломатската мисија“, се наведува во Виенската конвенција за дипломатски односи.

Со одлукава за првпат безбедносните институции и политичкото раководство на Македонија прогласија руски „дипломат“ за персона нон грата. Овој потег следи откако неколку европски земји презедоа активности за откривање на руски шпиони, прогласување на некои дипломати за „персона нон грата“ и нивно протерување. Во последно време, Бугарија и Чешка открија операција за шпионажа спроведена од руската служба ГРУ. Во Чешка беше откриено дека агенти на ГРУ саботирале складишта за оружје што довеле до смрт на двајца чешки државјани. И во Бугарија, агентите на ГРУ се обидоа да изградат шпионска мрежа за да известуваат за активностите на НАТО, но тоа беше откриено.

Фатлуме Дервиши

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button