ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Чулев: “Фрлање димна завеса” на АНБ, за државјанството на Онишеенко не е потребен НАТО сектор

Чулев: "Фрлање димна завеса" на АНБ, за државјанството на Онишеенко не е потребен НАТО сектор

Државјанството на контроверзниот украински олигарк, Олександер Онишченко, беше случајот кој ги потресе темелите на Агенција за Национална Безбедност, како се случи тој да добие државјанство, дали е пропуст или нешто намерно, за оваа и за многу други теми вечерва во „Патот кон“, во Алсат М, со новинарот Адријан Керими, поканет беше поранешниот директор на Агенцијата за разузнавање и поранешен министер за внатрешни работи во времето на претходната техничка влада.

На прашањето за случајот Онишченко, поранешниот директор на АНБ, Чулев рече дека законот на агенцијата не предвидува да се консултираат партнерите од НАТО, во вакви случаи.

„Во конкретниот случај никаде во законот за АНБ не е утврдено дека треба да се бара мислење од меѓународни партнери. Значи се работи за обична безбедносна проверка за прифаќање државјанство и во овој случај не треба да се бара мислење од меѓународни партнери“, изјави Наќе Чулев, поранешен директор на АНБ и поранешен министер за внатрешни работи.

Тој понатаму го праша директорот на АНБ дали е побарано мислење од НАТО партнерите за сите приближно 150 државјанства кои претходно им биле доделени на странски државјани или дали се бара мислење од НАТО партнерите за направените 80.000 безбедносни проверки./Аlsat.mk

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button