СПОРТФОРМУЛА - 1

Cтомачниот вирус, голема препрека за светскиот шампион во Саудиска Арабија

Пристигнувањето на Макс Ферстапен на трката за ГН на Саудиска Арабија во Формула 1 е одложено поради болеста што го погоди светскиот шампион. Возачот на Ред Бул последните неколку дена боледуваше од стомачен вирус, поради што се уште не отпатувал во Џеда.

ФИА му дозволи на Ферстапен да го пропушти медиумскиот ден во четврток во Саудиска Арабија, но тој треба да пристигне во меѓувреме за да може да биде подготвен за денот на отворањето на тркачкиот викенд во петок.

Се очекува тој доцна вечерва да пристигне во Саудиска Арабија. Самиот Ферстапен на социјалните мрежи објави дека не трпи никакви последици од болеста и дека не се сомнева дека ќе биде подготвен. Трката за Големата награда на Саудиска Арабија е на програмата во недела од 18:00 часот по средно-европско време.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button