ВЕСТИРЕГИОН

Дачиќ: Итното формирање на ЗСО е предуслов за разговори за решение меѓу Белград и Приштина

Министерот за надворешни работи на Србија, Ивица Дачиќ, денеска изјави дека Заедницата на српските општини (ЗСО) е суштината на Бриселскиот договор и дека Србија ќе инсистира на нејзино итно формирање, како предуслов за разговори за политички план или предлог за решение меѓу Белград и Приштина.

Тој рече дека денеска се разговара што би се случило доколку Србија не се согласи со предложениот предлог и дека претседателот на Србија Александар Вучиќ има поддршка од државниот врв, од Владата на Србија и од целата владејачка коалиција. „Претседателот денеска ќе им се обрати на граѓаните на Србија. Наше е да кажеме за што не се согласуваме. Но, треба да учествуваме во дијалогот и да разговараме за планот“, рече Дачиќ.

Претседателот на Србија во петокот во Белград со претставниците на ЕУ, САД, Франција, Германија и Италија разговараше за таканаречениот француско-германски план за Косово.

По таа средба, Вучиќ изјави дека Србија е подготвена да го прифати концептот и да работи на имплементација на предложениот договор, но и дека изразил резерви за една точка од договорот.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button