Министерот за надворешни работи на Србија, Ивица Дачиќ вели дека не знае дали на видеото што го објави шефот на косовската полиција Џелал Свечла се наоѓа потпретседателот на Српската листа, Милан Радоичиќ, но дека е „очигледно“ оти видеото не е од денот на нападот на северот од Косово.
„Немам информации дали тој (Радоичиќ) е на видеото или не, навистина не знам“, изјави Дачиќ за РТС, наведувајќи дека видеото „не е од тој ден“ и дека се работи за „подметнување“.
Според Дачиќ, дека видеото не е од тој ден потврдува и тоа што на него може да се види дека има и снег.
Вчера, косовскиот министер за внатрешни работи Џелал Свечла објави видео во кое се наведува дека Радоичиќ бил меѓу вооружените лица кои се судриле со косовската полиција во манастирот Бањска во општина Звечан на северот од Косово.