СПОРТФУДБАЛ

Далас ја прекина негативна серијата, Оклахома со 11 тројки против Минесота

Далас ја прекина серијата од два натпревари со победата над Оклахома од 121:114. Словенецот, кој ги пропушти претходните два натпревари, Лука Дончиќ, го предводеше својот тим со 38 поени, 11 скока и осум асистенции. Голема поддршка Дончиќ доби од Спенсер Динвиди и Тим Хардавеј, двајцата постигнаа по 20 поени.

Оклахома го имаше најефикасниот играч на мечот, Шеј Глиџес Александер уфрли 42 поени. Демијан Лилард, го израмни клупскиот рекорд, постигна 11 тројки во победата на Портланд над Минесота 133:112. Лилард натпреварот го заврши со 38 поени, кои ги постигна во три четвртини. Во последниот период, кога мечот беше решен, не влезе на теренот.

По поразот во Сан Франциско, од Голден стејт, Бостон Селтикс со наведнати глави си заминаа и од пресметката со Лос Анџелес Клиперс. Домаќините славеа во дуелот со Бостон 113:98.

Кавај Ленард го одигра најдобриот натпревар откако се врати по долгата пауза. Тој забележа 25 поени, девет скока и шест асистенции. Поен повеќе кај Клиперси постигна Пол Џорџ. Бостон вообичаено го предводеше тандемот Џејлен Браун и Џејсон Тејтум со 21 и 20 поени. Бостон вечерва во Лос Анџелес ќе играат против Лејкерси. /Makfax/

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button