ЕКОНОМИЈА

Дали бугарскиот данок на рускиот гас ќе ги зголеми цените?

Македонските институции официјално немаат добиено никакви информации околу новиот данок што го воведе Бугарија за увоз и пренос на рускиот гас преки гасоводот „Турски тек“, но посочуваат дека сите засегнати страни во моментов водат интензивни разговори.

Ниту Владата, ниту државното Акционерско друштво за вршење на пренос на природен гас (НОМАГАС АД Скопје) не даваат конкретни одговори на прашањата на Радио Слободна Европа дали и како одлуката на Бугарија ќе влијае врз цените на природниот гас кај нас, со оглед дека земјава се снабдува со гас само преку еден цевковод преку Бугарија.

„Официјално немаме добиено никаква информација и бидејќи во моментов се водат интензивни консултации со сите засегнати страни, но и заради сензитивноста на темата, во овој момент не можеме да дадеме одговор на вашето прашање“, вели во одговор за РСЕ извршниот директор на НОМАГАС Бајрам Реџепи.

Единствено претседателот на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) Марко Бислимовски ни одговори дека одлуката на Бугарија секако ќе има ефект врз цените во Северна Македонија, но и тој не дава повеќе детали упатувајќи дека одговори треба да дадат двата снабдувачи со природен гас во земјава – приватната компанија Макпетрол и државната Електрани на Северна Македонија (ЕСМ Снабдување) кои имаат договори пак со нивните снабдувачи.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button