Дали храната зготвена на пареа е поздрава
Готвењето на пареа се препорачува долги години токму поради зачувување на хранливите состојки. Овој начин на подготовка на намирниците им обезбедува на оброците поголема количина на хранливи состојки во однос на вообичаеното готвење или печење на храната.
Стручњаците се согласуваат дека готвењето на пареа, покрај суровите намирници е најздравиот начин да се консумира храната. Освен тоа, намирниците подготвени на пареа повеќе го задржуваат вкусот.
Вообичаеното готвење подразбира нивно потопување во врла или вода што врие. На тој начин ги готвиме додека не сме задоволни од нивната мекост, додека во водата може да се додаде и сол и други зачини за на зеленчукот да му се овозможи дополнителен вкус. Но, за жал, со ваквото готвење одреден број на нутриенти се испуштаат во водата, а со оглед дека таа вода повеќето не ја користат по готвењето се губат вредни активни состојки во намирниците. Освен тоа, намирниците кои се изложени на висока температура и целосно се потопени во вода дополнително губат од хранливите состојки во нив.
Зеленчукот е најдобро очуван кога се подготвува на пареа или се консумира свеж. Поради пареата која циркулира низ зеленчукот не е потребно да се додава масло за јадење. Зелениот лиснат зеленчук најбрзо се готви на пареа и потребни се само четири минути за тоа да биде подготвено за јадење со најголемо количество хранливи состојки.