
Овогодишните Оскари би можеле да бидат сериозно загрозени, пишува „Мирор“. Имено, поради пожарите во Лос Анџелес, првпат по 96 години се размислува за откажување на наградата.
Официјалниот комитет на Оскарите секојдневно го следи развојот на ситуацијата во Лос Анџелес. Според извештаите, церемонијата би можела да остави лош впечаток доколку се одржи среде разорни пожари.
„Главната грижа на одборот во моментов е да не изгледа како да слави додека многу граѓани на Лос Анџелес се справуваат со загубата. Дури и ако пожарите се изгаснат следната недела, реалноста е дека градот ќе продолжи да страда и да се справува со оваа болка со месеци“, пренесува неименуван извор за порталот „Сан“.
Сепак „Холивуд репортер“ ги демантира гласините и вели дека таквите инсинуации кои го објави британски „Сан“ се лажни.