ВЕСТИМЕТРОПОЛ

Дали тим билдингот е од корист за компанијата

Прашање кое веројатно секој менаџер си го поставува кога ќе дојде време за оваа активност. Експертите велат дека е од суштинско значење за подобрување на односите на вработените, посебно во големи компании. Тие се срцето на секоја организација, па токму затоа важно е како функционираат меѓу себе. Благодарение на тим билдингот, вработените ги подобруваат меѓусебните конекции, односи што на крајот резултира со зголемена продуктивност.

Едно е да се работи 40 часа неделно во канцеларија со ѕидови, а друго да се види секој од нив во опуштена и забавна варијанта.

Како ќе се одвива тим билдингот зависи од менаџерите на човечки ресури кои даваат предлог, благодарение на информациите кои ги имаат за нивните колеги.

Ваквата активност може да биде едукативна и забавна. Важно е колегите да се запознаат меѓусебно, да знаат повеќе за другите,освен името и секторот каде што работат.

Групите кои би се формирале за време на тим билдингот најдобро е да бидат од различни области. Размената на информации и искуства е секогаш добредојдена.

Вработените, секогаш можат да научат нешто ново, да се почувстуваат важни и ценети, наместо да бидат само бројка на платниот список. Во САД, 70% од вработените немаат никаква комуникација меѓусебе ниту пак кореспонденција.

Преку тим билдингот, вработените учат како да функционираат како тим додека се забавуваат, но исто така учат да бидат дел од тимот на компанијата кога ќе стане збор за рабoтата.

Така што. секоја тим билдинг активност е добредојдена за доброто на компанијата.

Извор: hybrid.mk

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button