ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Дали во 2022 ќе почне реконструкција на патот Ќафасан-Струга

Новинар: Мики Трајковски

Додека жителите на Струга и понатаму ги уништуваат своите автомобили од дупките кои на секој чекор ги има на патниот правец од Струга до граничниот премин Ќафасан, од Агенцијата за државни патишта со ветување дека рехабилитација на патот ќе заврши во јуни 2023 година.

За Алсат велат дека за него и за уште пет други патни правци, објавен бил тендер за набавка на градежни работи, поделен на пет лота. За рехабилитација на целата патна делница, Подмоље– Струга –Ќафасан со должина од 19,3 километри,веќе биле обезбедени средства од Европската банка за обнова и развој во висина од 8 милиони евра

„Во тек е евалуација на пристигнатите понуди.Кон крајот на месец јануари, се очекува Извештајот од евалуација да биде испратен на разгледување и одобрување од страна на ЕБОР. Во зависнот од добивање на одобрување од Банката, се очекува Договорите за извршување на градежните работи да бидат потпишани со најповолните понудувачи во текот на месец март, 2022 година.Рок за изведување на градежните работи е 15 месеци, односно до Јуни, 2023 година“, велат од Агенција за државни патишта.

Жителите се разочарани зашто со години наназад само се крпат дупките, а конкретни градежни работи не се започнати, иако беа најавени за во 2020.

„Јас незнам што уште треба да се случи за да се реагира.Тоа се кратери не се дупки.Јас лично имав искуство,пред три недели, нова кола, гумата ми се скина и морав да купам нови гуми.Се обратив во полиција, направија записник,а осигурувањето е игри без граници во државата“.

„Магистрален пат е.Поврзува две држави.Треба да се направи“.

Минатиот месец жителите од околните населени места го блокираа патот кој води кон граничниот премин. Побараа да се реши овој проблем, за како што рекоа не биде предоцна и не се случи некоја сообраќајна несреќа.

„Овој пат со години е во катастрофална состојба и е еден од најлошите во Македонија.Овој пат е магистрален и ја порзува Македонија со Албанија.Toj е многу важен за нас бидејки не поврзува со Тирана , а понатаму и со Драч. Но никој не интеревенира овде,иако се случуваат доста сообраќајни незгоди во кој учествуваат многу граѓани“.

Поради лошата патна инфраструктура многумина бараат алтернативни патишта./Алсат.мк

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button