ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Данела Арсовска нема да може да купи нови автобуси

Советот на Град Скопје не го прифати повикот на Данела Арсовска и не ѝ даде зелено светло за набавка на нови еколошки автобуси. Тоа требаше да се случи преку долгорочен кредит во износ од околу 10 милиони евра кои требаше да се обезбедат од некоја од локалните банки. „За“ гласаа 15 советници, еден „против“ и 18 воздржани, бројки кои не беа доволни за да се донесе ваква одлука.

Од групата советници на ВМРО-ДПМНЕ велат дека не се разговара ниту се гласа за еколошки автобуси, туку за задолжување, за што не биле дадени објаснувања.

„Нема да поддржиме кредит без да ни кажат колкава е каматата, грејс-периодот и условите. Арсовска нема информации какви автобуси ќе купи“, велат советниците на ВМРО-ДПМНЕ во Град Скопје.

Од друга страна, хаосот по улиците на главниот град оди кон кулминација. Граѓаните долго чекаат да стигнат до своите дестинации, а автобусите и станиците се преполни.

Во меѓувреме, 25-те приватни еко-автобуси сè уште се паркирани, откако беа повлечени од оптек поради судири меѓу приватните превозници и Град Скопје.

Ајнур Бафќари

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button