ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Данева: Нема втора шанса за корумпиран судија

Данева: Нема втора шанса за корумпиран судија

Со десет гласа за и еден против, Судскиот совет ја избра Весна Данева да ја води оваа институција откако неколку дена претходно Павлина Црвенковска поднесе оставка. Само неколку минути по изборот Данева објави војна на корупцијата на судиите и изборот на судии преку нарачани списоци.

Една од причините за оставката на досегашниот прв човек од оваа функција, Павлина Цервенковска, е затоа што, според неа,  судските елити не и дозволувале таа нормално да функционира. Данева рече дека ова првпат го слушнала од Црвенковска.

Данева вети дека отсега судиите нема да се гласаат по нарачани списоци.

Против Данева гласаше судијката Лорета Георгиева од Струмица, а во меѓувреме од гласање се повлече и Герасимоски, кој на почетокот на седницата поднесе неотповиклива оставка од функцијата в.д. директор на Академијата за судии и јавни обвинители поради реакциите на Антикорупциската комисија.

Инаку, во јавноста се објавија фотографии од Данева со луѓе блиски до СДСМ, таа работеше и во кабинетот на Бучковски додека тој беше премиер и министер за одбрана. Прашана дали имала политички влијанија во текот на нејзината кариера, Данева категорично го демантираше тоа, додавајќи дека не е  член на на ниту една политичка партија./Alsat.mk

Ардит Рамадани

 

 

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button