ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Даштевски: Гласање без употреба на „фингерпринт“ е незаконско

Во врска со добиените информации дека по одлука на членови на Изборачките одбори на некои места гласањето се одвива без употреба на апаратите за скенирање на отпечаток на прст, првиот човек на Државната изборна комисија, Александар Даштевски, рече дека таквото гласање, без претходна одлука на ДИК, е незаконско.

„Тоа се незаконски одлуки на тие лица и сугерираме да продолжат да гласаат со ‘УБИК’ апаратите. Во спротивно, доколку не се гласа така, согласно измените во законот, гласањето ќе биде поништено, а овие лица ќе бидат санкционирани бидејќи тоа го направиле без одлука на ДИК“, рече Даштевски.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button