ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

ДИК повикува на воздржаност од политички активности до 19:30 часот

Претседателот на ДИК, Александар Даштевски на својата редовна прес конференција во 19:00 часот рече дека Комисијата смета оти најдобро решение е гласањето да се пролонгира до 19:30 часот, период за кој оценува дека е доволно гласачите што во моментот на затворање на гласачките места се нашле во кругот на изборното место да влезат внатре и да го дадат својот глас.

„Во согласно Изборниот законик, гласањето завршува во 19:00 часот, после вратите се затвораат. Таму, кадешто се затекнале гласачи пред објектот и треба да гласаат, ДИК смета дека е добро да се излезе во пресрет и на гласачите, но и на медиумите и на партиите, па затоа повикуваме, до 19:30 часот да се воздржат од своите редовни активности. Проценуваме дека гласачите кои гласаат ќе влезат во објектите за гласање до 19:30 часот. ДИК смета дека е ова најдобро решение“, рече Даштевски.

Даштевски, информираше дека резултатите ќе бидат внесени директно од избирачките места за првпат во историјата и ќе бидат достапни на веб-страницата на ДИК за Локалните избори 2021.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button