МАКЕДОНИЈА

Деаноски: 97% од службениците во институциите со плата под просечната

Претставникот на Сојузот на синдикати на Македонија, Трпе Дејаноски од УПОЗ, во своето вечерашно гостување во емисијата „Економски Магазин“ на Алсат рече дека 97% од службениците во државните институции земаат плата во износ понизок од просечната плата во државата.

„Моментално, со новата вредност на минималната плата, најниска е за помлад референт, распонот на плати таму се движи од 18 160 до 18 845 денари. Тоа се вработени со средно образование. Потоа се соработници и советници. Луѓе со високо образование. Платите таму се движат од 22 000 до 26 000 денари. Раководител на одделение има плата од 29 000 денари. Просечната плата е 30 000 денари и слободно може да се каже дека 97% од вработените земаат потпросечна плата“, рече Дејаноски.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button