ВЕСТИЕКОНОМИЈАМАКЕДОНИЈА

Деаноски: Половина од јавниот сектор е на минамалец

Деаноски: Половина од јавниот сектор е на минамалец

Од Синдикатот на УПОЗ укажуваат дека растот на минималната плата доведува до изедначување на платите во јавниот сектор. Првиот човек на Синдикатот, Трпе Деаноски во неделното интервју за „Радио Слободна Европа“ апелира платата на административците да се усогласува според растот на просечната, а не со усогласување со минималната плата, бидејќи, како што додава, на ваков начин половина од јавниот сектор е поблиску до минималецот, отколку до државниот просек на примања.

„Сега, со усогласувањето со оваа минимална плата, усогласување ќе добијат 27.000 вработени во јавниот сектор, додека другите 110.000 што остануваат нема да добијат никакво усогласување со порастот на минималната плата. И оние вработени коишто ќе го добијат, ќе бидат многу поблиску до минималната плата, отколку до просечната плата”, рече Трпе Деаноски – претседател на УПОЗ.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button