Дејвис Куп, Данска со пресврт ја совлада Србија со 3-2

Првото коло од Дејвис Купот мина без посериозни изненадувања, но и со отсуство на големите тениски ѕвезди.
Германија победи со 3-1 над Израел и продолжува во второто квалификациско коло за завршницата и покрај отсуството на нивната голема ѕвезда Александар Зверев. Кевин Кравиц и Тим Пуц победија во двојки со 6-3, 6-0 над Даниел Какерман и Амит Валес и ја заверија победата., септември.
Австралија славеше со 3-1 против Шведска. Во двојки Метју Ебден и Џон Пирс ги победија Филип Бергеви и Андре Горансон со 6-7/7, 6-3, 6-2, откако Алекс де Минор и Александар Вукиќ запишаа победи во сингл.
Во Копенхаген, Данска направи пресврт и од 0-2 дојде до 3-2 против селекцијата на Србија која остана без својата голема ѕвезда Новак Ѓоковиќ. Холгер Руне иму помогна на данскиот тим да го реализира пресвртот.
Во другите натпревари во натпреварувањето, Австрија ја совлада Финска со 4-0, Хрватска победи против Словачка со 3-1, а Чешка со 4-0 ја совлада Кореја./Gol.mk/