МАКЕДОНИЈА

Дел од Чаир и Батинци денеска без вода

Без вода денеска од 8:35 часот ќе бидат дел од жителите лоцирани на улица „1“ во селото Батинци, а од 9 часот без вода ќе останат дел од корисниците од улицата „Серава“.

Како што информира ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, прекинот во Батинци е поради дефект на приклучна цевка на улица „1“ бр.101 во Батинци, општина Студеничани.

Дел од корисниците од општина Чаир денеска ќе останат без вода поради уличен дефект на улицата „Серава“ без број.

Корисниците лоцирани на двете улици ќе бидат без вода се до санирање на дефектите.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button