Деликатен хируршки зафат на срце успешно изведен во клиниката „Жан Митрев“

Во Клиниката „Жан Митрев“ викендов е спасен и продолжен животот на 74-годишна жена со процедура која е ретка и сложена – имплантација на биолошка валвула на митрална позиција (валвула во валвула). Пациентката дополнително, освен проблемите со срцето, имала проблеми и со бубрезите и била на апарат за дијализа. Процесот да се смени протеза на митрална валвула е реткост во светски рамки. Разликата меѓу класична операција и оваа интервенција е што има само мало отворање на градниот кош – 5 сантиметри од левата страна, преку кое се пристапува до врвот на срцето и со помош на посебен катетер се вметнува новата во постоечката валвула, без притоа да се употреби вонтелесна циркулација. Директорот на Фондот за здравство Сашо Клековски ја пофали интервенцијата.