ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Делницата Тетово – Гостивар, опасна за возачите

Делницата Тетово – Гостивар, опасна за возачите

И покрај големата опасност за возачите, столбовите на дел од надвозниците на автопатот Тетово-Гостивар, од кои на некои места штрчи арматурата, никако не се санираат. Директорот на Македонија пат, Ејуп Рустеми, пред четири месеци вети дека не само столбовите, туку годинава ќе почнат и работите за проширување и целосно средување на автопатот. Но, Рустеми сега вели поинаку. Проектот сè уште бил во почетна фаза.

„Ние во Јавното претпријатие Државни патишта ја започнавме процедурата за избор на надзор и консултации за постигнување договор со Бехтел-Енка. По успешното завршување на постапката за избор на надзор вчера, во преговарачката комисија во Владата го избравме преговарачкиот тим и следната недела ќе започнат преговорите за постигнување договор со Бехтел-Енка“, рече Ејуп Рустеми, директор на Претпријатието за државни патишта.

Додека работите се одолговлекуваат, возачите се жалат дека се соочуваат со постојани проблеми и опасности.

“Сите се во неволја, ништо не е во ред, целиот е со дупки, катастрофа е. Плаќаме редовно, Владата целосно го запостави, плаќаме илјада денари патарина, но џабе”, рече еден возач.

“Голите столбови и дупките на коловозот не се единствениот проблем што е присутен на автопатот Тетово-Гостивар. Многу посериозен проблем е немањето заштитна жица на некои точки долж автопатот, што овозможува диви и домашните животни да завршат на автопатот, со што се загрозуваат животите на возачите”, пренесува новинарот на АлсатМ, Башким Сулејмани.

Овој патен правец инаку официјално и не е автопат. Нема трета помошна лента. Во случај на некаков дефект, возачите мора да се паркираат покрај самиот коловоз./Alsat.mk

Башким Сулејмани

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button