МАКЕДОНИЈА

Делови од неколку скопски општини утре без струја

Заради технички зафати во дистрибутивната електро мрежа утре без електрична енергија ќе  останат дел од корисниците од општините Кисела Вода, Гази Баба, Центар и Ѓорче Петров, соопштуваат од РЦУК – Скопје.

Во периодот од 07:30 до 13:00 часот без напојување со електична енергија ќе останат корисниците од улицата „Ѓорѓи Сугаре“ бр.8, Општина Кисела Вода, а од 08:10 до 15:30 часот корисниците од улиците „Жан Жорес“, „Ордан Поп Јорданов“, „Маџари“, „Петре Филиповски Гарката“, извод за автопат за улично осветлување, Општина Гази Баба.

Без струја од 09:00 до 11:00 часот ќе бидат корисниците од улицата „Тодор Александров“ (Турска Амбасада), како и дел од улицата „Благоја Давков“, Општина Центар, а од 09:00 до 12:30 часот тие од улицата „Исаија Маџовски“ од број 25 до број 40, Општина Ѓорче Петров.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button