МАКЕДОНИЈА

Демири: Албанците не можат да очекуваат ништо, оваа влада нема долго да трае

Авдуш Демири од Движењето БЕСА, во емисијата „Патот кон …“ на Алсат истакна дека Албанците не можат ништо да очекуваат од оваа влада, која според него нема легитимитет и е краткотрајна. Демири дури го критикуваше префрлањето на министрите од еден во друг ресор, нарекувајќи ги „сезнајни“. Според него, оваа влада ја води премиер кој не добил мандат од граѓаните на непосредни избори.

„Со оглед на фактот дека оваа влада ја води премиер кој не го добил мандатот и легитимитетот на   избори, таа е резултат на чудни комбинаторики и меѓусебни пазарења на политичките актери кои ја сочинуваат владата, кои претрпеа фијаско на последните локални избори. Со оглед на недоследноста на политичките актери во таа влада каде што имаме 180 степени промени на ставовите, од иницијаторската позиција за рушење на власта, по две недели тие самите завршуваат, односно стануваат дел од власта. Со оглед на фактот и составните кадри на власта кои скокаат од еден во друг ресор делувајќи сезнајно, слободно можеме да кажеме дека Албанците не можат ништо да очекуваат од оваа влада бидејќи таа нема легитимитет и како таква, граѓаните не можат да очекуваат ова влада да ги реши проблемите“, изјави Авдуш Демири, Движење БЕСА.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button