ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Ден без автомобили, стотици велосипедисти дефилираа во Скопје и Куманово

Во рамките на Европската недела на движењето, стотици жители на главниот град ги зедоа своите велосипеди за заедно да го одбележат Денот без автомобили. Велосипедистите кои се собраа денеска во паркот „Ибни Пајко“ рекоа дека често не се чувствуваат безбедно во сообраќајот, па затоа апелираат до возачите за поголема грижа. Истовремено, апелираа до своите сограѓани да користат што е можно повеќе алтернативен превоз, особено велосипеди, бидејќи на тој начин се грижат за животната средина и здравјето.

„Секако дека треба да возат велосипеди што е можно почесто, бидејќи на тој начин ќе бидат физички поактивни, но и ќе влијаат воздухот да биде помалку загаден. Значи, мојата порака е да користат велосипеди што е можно почесто.“

„Возам велосипед низ градот 20 или 22 години и забележав дека ако не пазиш сам, сè е залудно, дури и на велосипедска патека некој ќе ве удри, така што треба да се отворат четири очи.“

„Ако сакаат да бидат здрави, треба да користат велосипеди. Добро е што имаме повеќе патеки за велосипеди, но сметам дека свесноста на возачите, почнувајќи од самите себе, сè уште не е на вистинското ниво и тие навистина не се грижат.“

„Кога се движиме со велосипед, без разлика дали сме на патека или тротоар, честопати наидуваме на несвесни возачи, но понекогаш знаеме и да бидеме невнимателни“, рекоа граѓаните.

Од Град Скопје велат дека се работи на подигнување на свеста на граѓаните и на нудење можности за почесто користење на алтернативниот превоз.

„Никогаш не е доволно. Можете да видите во најразвиените градови има толку многу активности и проекти. Сепак, мислам дека сме на добар пат…“, рече Валон Салиу, Портпарол на Град Скопје.

Вакво дефиле денеска се организираше и во Куманово. Европската недела на движењето се одбележува од 16 до 22 септември.

Еви Шкопи

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button