ВЕСТИСВЕТ

Ден на победата, Зеленски: Никому нема да дадеме дел од нашата земја

Украинскиот претседател Володимир Зеленски се појави во видео по повод Денот на победата, во кое  рече дека несомнено Украина ќе победи во војната против Русија.

Од друга страна, Русија денеска го одбележува Денот на победата, додека рускиот претседател Владимир Путин одржа говор во Москва.

Пред говорот на Путин, украинскиот претседател сподели видео на кое се шета по главната улица во Киев.

Тој рече дека Украина „нема никому да му даде дел од нивната земја“.

Осврнувајќи се на победата над нацистичка Германија во Втората светска војна, тој рече: „Победивме тогаш, ќе победиме и сега!“

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button