ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Денеска е 21 година од масакрот во Љуботен

Денеска е 21 година од масакрот во Љуботен

Љуботен ја одбележа 21-годишнината од масакрот на 12 август, кога утрото на денешен ден во 2001 година полициски и воени единици убија 10 жители, запалија 14 куќи и уапсија над 100 други жители кои биле малтретирани со образложение дека ОНА била присутна во селото.

Во оваа акција загинаа 6-годишниот Ерџан Алиу, потоа Далип Мурати, Мухарем Рамадани, Мемет Мемети, Рами Јусуфи, Џељал Бајрами, Кадри Јашари, Бајрам Јашари, Сулејман Бајрами и Атула Ќаили.

По 21 година жителите на Љуботен, роднините на убиените и затворените велат дека сè уште не го добиле она што им следува. Покрај тоа што немаат добиено никаков вид на отштета, сè уште не е регулиран статусот на членовите на семејствата на жртвите, на измачуваните и невините затвореници. Жителите додаваат дека политичарите го посетуваат селото само за избори.

„Она што го очекувавме од албанските партии и од албанската власт не го добивме… ние како село Љуботен сме соочени со многу елементарни работи, пред сè со водата, училиштето, оваа година ни го асфалтираа патот… вработувањето е слабо. Политичарите како политичари најчесто ни доаѓаат во селото кога има избори“, изјави еден жител на Љуботен

„Кога доаѓаат ветуваат сè, сала, училиште, амбуланта, ветуваат сè, кога ќе дојде крајот, ги нема, 70 илјади евра се издвојуваат за концертот, а ништо не се издвојува за Љуботен“, рече еден жител на Љуботен.

Масакрот во Љуботен беше единствениот случај кој беше процесуиран и завршен во Меѓународниот трибунал за воени злосторства.

Поранешниот висок припадник на македонските безбедносни сили, Јохан Тарчуловски беше осуден за злосторства врз албански цивили, а обвинет беше и поранешниот министер за внатрешни работи Љубе Бошковски, кој беше ослободен од обвиненијата. Тарчуловски беше осуден од Хашкиот трибунал на 12 години затвор за убиство, кршење на законите за војна, тортура и уништување имот, но по 8 години беше ослободен. Од друга страна, Тарчуловски, но и Бошковски, државата ги смета и ги почитува како национални херои од конфликтот во 2001 година./Alsat.mk

Мефаил Исмаили

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button