МЕТРОПОЛ

Денеска е петок 13-ти: Зошто многумина го сметаат овој ден за несреќен и малерозен?

Многумина имаат мнение дека кога тринаесетиот ден во месецот ќе се падне во петок, тогаш тој ден е малерозен. Ако и вам ви создава неубаво чувство, тогаш веројатно имате страв од петок 13. – параскевидекатриафобија, пишува „Телеграф“.

Еден од начините да ги избегнете потенцијалните замки кои може да ви ги донесе овој датум е да го поминете целиот ден во кревет или, сепак, да го игнорирате ова суеверие.

Се претпоставува дека ова популарно суеверие потекнува од средниот век, а некои сметаат дека има и библиска основа. Некои историчари тврдат дека тоа бил денот кога Ева го натерала Адам да го касне јаболкото, кога започнала поплавата и изградбата на Вавилонската кула. Во Новиот завет имало 13 луѓе кои зборуваат за маките на Исус на Велики четврток, денот пред распнувањето на Христос на Велики петок.

Постојат различни приказни за почетокот на суеверието за овој ден. Некои веруваат дека сè започнало кога Филип IV од Франција уапсил стотици темплари на 13 октомври 1307 година, датум кој се паднал во петок. Во приказната „Кодот на Да Винчи“, Ден Браун ја споменува егзекуцијата на темпларот Жак де Моле на петок 13. Наводно, тој ги проколнал папата и кралот на Франција..

Исто така, можно е дека романот „Петок тринаесетти“ (1907) на Томас Лосон одиграл значајна улога во ширењето на суеверието. Во романот, бескрупулозниот брокер користи суеверие за да создаде паника на Волстрит на петок 13-ти.

Други медиуми пишуваат дека се претпоставува дека паниката околу овој ден настанала во 1927 година, кога се случил вториот најголем крах на берзата. Деловните неуспеси и банкротите ги поттикнале очајните брокери да се фрлаат од прозорците на зградата на Вол стрит. Бидејќи ги имало многу, се верува дека и останатите луѓе кои оделе покрај зградата не биле безбедни.

Денот остана запаметен како „црн петок“ и им „влеа страв во коски“ на Американците, а скептицизмот се прошири и во остатокот од светот, пред сè во Европа, каде петок 13. набрзо стана синоним за несреќа.

Стравот од бројот 13 е поврзан и со норвешкиот мит за 12 богови кои приредиле вечера на која дошол непоканет тринаесетти гостин. Тој го навел слепиот бог на темнината Ходер да го застрела богот на радоста Балдер. Откако умрел, целата земја беше покриена во црно.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button