ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Денеска – еден месец од трагедијата во Тетово, министрите „преживеаја“

8 септември, 21 часот и две минути; избувна пожар во модуларната болница во Тетово. За многу брзо време огнот ја пеплоса и загинаа 14 лица, од нив 12 ковид-пациенти. Денеска и точно еден месец по трагедијата, случајот и понатаму е во фокусот на јавноста. Истражните органи утврдија дека евентуално пожарот избил од продолжен кабел на кој биле приклучени три апарати, односно дефибрилатор, полнач за мобилен и уште еден апарат.

Ова е единствениот од побараните извештаи што го доби тетовското обвинителство од институциите. Свој увид направија и четворица крим – техничари од германската Федерална криминалистичка полиција, но оттаму одговор нема. Пред околу 20 денови премиерот Заев најавуваше дека тој брзо ќе биде завршен.

„Тие извештајот ќе го достават во некој рок од 10 до 15 дена…“, тврдеше Заев.

Но, по оваа изјава поминаа три недели, а извештајот не е доставен.

Во меѓувреме, тетовското обвинителство за случајот и натаму води предистражна постапка. Засега предметот не покажува индиции за евентуално сторено кривично дело. Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција, пак, и натаму ги разгледува документите на Светска Банка и Министерството за труд и социјала за градбата на модуларните болници. Нивната истрага треба да покаже дали се градело по стандардите и дали имало надзор? Директорите на тетовската болница си поднесоа неотповикливи оставки, но и понатаму ги вршат функциите.

Според владата, тие ќе бидат разрешени после локалните избори. Министерот Венко Филипче и неговиот заменик Илир Хасани си останаа во министерските фотелји. Премиерот Заев оцени дека не треба да ги прифати нивните понудени оставки.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button