ЗДРАВСТВО

Денеска преку Ковакс механизмот ќе пристигнат повеќе од 110.000 вакцини Фајзер

Денеска ќе пристигнат 110.612 вакцини од производителот „Фајзер-Бионтек“, кои нашата земја ги купи преку Ковакс механизмот, соопштија од Министерството за здравство.
До крајот на годината, преку Ковакс механизмот е најавена испорака на уште 100.000 вакцини од производителот „Фајзер-Бионтек“.
Пристигнатите вакцини, за кои има голем интерес кај населението, а кои се препорачуваат за имунизација и на деца над 12 години, ќе бидат дистрибуирани до вакциналните пунктови ширум земјата со цел да се обезбеди непречен процес на вакцинација.
Освен на вакциналните пунктови, вакцинацијата во нашата земја се одвива и теренски.
Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button