ВЕСТИСВЕТ

Денеска се навршија три месеци од војната во Украина

Додека Украина одбележува три месеци од почетокот на руската агресија, жителите на главниот град Киев им дадоа почит на оние кои ги загубија животите.

„Киев веќе се обновува и институциите работат. Многу луѓе се на улиците. Сите полека се враќаат во градот и да бидам искрена, сега е малку полесно“, изјави Дарија Борисјук, жителка на Киев

 Но, на југот и истокот на Украина и понатаму се водат борби. Украинската војска објави дека во едно засолниште во Мариупол биле пронајдени телата на 200 загинати лица кои долго време биле таму.

Нападот во регионот на Донбас е најголемиот на европско тло по Втората светска војна, вели министерот за надворешни работи на Украина Дмитро Кулеба. Тој ги повика сојузниците на Украина да го забрзаат снабдувањето со оружје и муниција, особено со системи за лансирање ракети, артилерија со долг дострел и оклопни транспортери.

Украинскиот претседател Зеленски пак, оцени дека следните недели од војната ќе бидат тешки.

„Руските окупаторски сили се обидуваат да покажат дека нема да ги напуштат окупираните територии во регионот Харков, дека нема да го предадат регионот Херсон, окупираните територии во регионот Запорожје и Донбас. Доаѓаат и ги зајакнуваат своите позиции“, изјави Володимир Зеленски, претседател на Украина

Се смета дека повеќе од 14 милиони луѓе ги напуштиле своите домови откако Русија ја нападна Украина. Околу шест милиони избегаа во соседните земји, додека осум милиони други се внатрешно раселени. Жртвите се уште се бројат, а штетите врз инфраструктурата во Украина се огромни. Но, ништо полошо на поминува ниту руската војска. Според украински извештаи, загинале скоро 30.000 руски војници, над 200 авиони биле уништени, исто како и 1.300 тенкови. Русија признава за загинати 12.000 свои војници, а што се однесува до Украина, таа сè уште не објавила јасни бројки за нејзините воени загуби. /Алсат.мк

Шкелзен Аќифи

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button