ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Денеска се одбележува светскиот ден на мајчиниот јазик

Многу институции сè уште немаат волја албанскиот јазик да биде дел од нивното функционирање без оглед на тоа што е предвидено со закон. Ова го велат од Агенцијата за примена на јазиците, додавајќи дека немаат точен број на институции кои не ја спроведуваат оваа одлука, иако им ја обезбедиле потребната помош за употреба на албанскиот јазик.

„Им помогнавме на сите институции што ни се обратија за помош за разни преводи, стандардизација на јазикот, употреба на терминологија. На средбите кои ги имаме со раководителите на институциите, како пречка која тие најмногу ја изразуваат, сега дали е така или не, тоа е друго прашање, но прва пречка е недостигот на преведувачи и пари за да имаат одделение или сектор за преводи во зависност од големината на институцијата“, рече Ардијан Муслиу, Агенција за примена на јазиците.

Професорот од Тирана, Сабри Лачи, за Алсат изјави дека на сите раководители на институции кои не го употребуваат албанскиот јазик им треба време.

„Тоа што го сакаат за својот јазик, треба да го прифатат и за другите јазици, во овој случај за албанскиот јазик, за јазикот на еден народ кој е навистина државотворен и кој го зборува еден од најстарите јазици на светот. Затоа и Македонците и другите треба да разберат дека најдобро однесување е она што се применува во демократските земји, во развиените земји како Швајцарија или други земји-модели на Запад, кои имаат многу јазици и не ги лишуваат своите граѓани од учење и зборување на нивните јазици“, рече Лачи.

Професорот од Приштина, Ќендрим Морина, рече дека албанскиот јазик секој ден сè повеќе се оштетува и е под влијание на странските јазици.

„Не мора да е искривување кога ги немаме вистинските зборови во нашиот јазик, но кога ги имаме вистинските зборови во нашиот јазик, тогаш зошто да земаме зборови од другите јазици. Друг проблем е огромниот развој на технологијата и социјалните мрежи кои користат странски јазици од повеќе причини. Една од причините е инфериорноста, така што некој кој не знае странски јазик може да го користи и да го стави другиот говорник во незавидна положба“, изјави Ќендрим Морина, професор од Приштина.

Од Инспекторатот за спроведување на законот за јазици се пожалија дека заради нискиот буџет не можат да ангажираат повеќе инспектори.

Мелихате Рустеми

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button