СПОРТ

Денеска се одиграа пет натпревари од 22 – то коло од ПМФЛ

Денеска се одиграа пет натпревари во рамките на 22 – то коло од Првата фудбалска лига на Македонија. На локалното дерби во Скопје, кое се одигра на стадионот до ФФМ, поуспешна беше екипата на Работнички, која го совлада ФК Шкупи со 2:0. Тетовското дерби меѓу Шкендија и Ренова заврши без победник и без голови. Во Струмица, на средбата помеѓу Беласица и Академија Пандев имаше идентичен резултат. Два гола беа постигнати на стадионот „Тодор Проески“ на ремито од 1:1 меѓу Вардар и Струга Трим Лум. Победа постигна Пелистер, кој минимално го победи Борец со 1:0. Вчера, Македонија Ѓорче Петров го победи Силекс со 1:0.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button