ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Денеска се регистрирани 10 нови случаи на Ковид 19

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје: Во последните 24 часа се направени 3.529 тестирања, а регистрирани се 10 нови случаи на КОВИД-19 од:
Скопје, Куманово и Прилеп – по 2, Гостивар, Крива Паланка, Кратово и Охрид – по 1. Регистрирани се 18 оздравени пациенти од: Скопје – 11, Прилеп и Радовиш – по 2, Куманово, Битола и Кичево – по 1.

Не се регистрирани нови починати лица.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.593, бројката на оздравени пациенти е 149.708, на починати е 5.472, а бројот на активни случаи изнесува 413.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button