ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Денеска температури до 37 степени

Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност и слаб до умерен, претежно северен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 19, а максималната ќе достигне од 30 до 37 степени. УВ индексот ќе изнесува 8.

Во Скопје слично време, сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 16, а максималната ќе достигне 35 степени.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button