РЕГИОН

Денеска во Белград, утре во Тирана – Меркел во последна посета на регионот како канцеларка

Германската канцеларка Ангела Меркел денеска попладне ќе допатува во Белград, каде ќе има средба со српскиот претседател Александар Вучиќ.

По посетата на Србија, Меркел ќе отпатува во Тирана, каде утре, освен со албанскиот премиер, ќе се сретне и со премиерите на Северна Македонија, Босна и Херцеговина и Косово.

Средбата со премиерите од регионот во Тирана ќе биде посветена на Берлинскиот процес, политичко-дипломатска иницијатива, која почна во август 2014 година од страна на Меркел.

Најважната компонента на Берлинскиот процес е таканаречената „Агенда за поврзување“, која првично има за цел да ги поврзе шесте земји од Западен Балкан во областа на транспортот и енергетиката.

Учесниците во процесот се земјите од Западен Балкан – Северна Македонија, Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Србија и Црна Гора, а нејзини коспонзори и поддржувачи се неколку земји членки на ЕУ, како Германија, Франција, Австрија, Италија, Велика Британија, Полска, Грција, Хрватска, Словенија и Бугарија.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button