ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Денот на наставникот оваа година во сенка на пандемијата

7 март, Денот на наставникот, оваа година е во сенка на пандемијата со ковид 19. Училиштата немаа никакви активности. Наставниците од прво до трето одделение беа единствените кои одблизу ги примија честитките за овој ден, бидејќи наставата ја спроведуваат со физичко присуство. Алсат во петокот го посети основното училиште „Култура“ во село Матеч во општина Липково, каде за првпат немаше ученици, што беше вообичаено за време на празниците во март.

„Дојдовме во училиштето и му рековме на наставникот, честитки за Денот на наставникот. Таа нè учи да читаме и пишуваме, математика, албански јазик“…

„Дали и честитавте на наставничката денеска и како и честитавте? Со поезија: Денот на наставникот ние ќе го славиме, најубави цвеќиња ќе им подариме“, рекоа учениците.

„Ни недостасуваат многу други часови, многу други ученици кои со нетрпение го очекуваат празникот на наставниците. Неизмерно ни недостасуваше, не само мене, туку и на целиот тим, гласовите на учениците“, изјави Хикмете Асани, наставничка, ОУ„Култура“ с. Матејче.

Наставниците од основните училишта го одбележаа Денот на наставникот преку интернет. Учениците рецитираа поезии и ја повторија желбата да се вратат во училишните клупи.

„Не можевме да го прославиме празникот преку Интернет. Сите рецитиравме по една песна. Ни недостасува училиштето, ги немаме другарите како што ги имавме другите години“, вели еден ученик.

Од Здружението на наставници Албанци истакнаа дека на учениците веќе им е досадно со учење од далечина. Тие велат дека бројот на ученици кои не посетуваат настава се зголемува секој ден.

„Не е настава по телефон или лаптоп. Физичкото присуство не се заменува со ништо друго, ова е една од причините што ја завршуваме учебната година, а немаме вистинка настава. Сега, во последно време, забележуваме дека присуството на учениците започна да се намалува, тие почнаа да се досадуваат од овој метод на работа“, изјави Самет Јахиу, претседател на ЗНА, Куманово.

И покрај тешкотиите со процесот на учење од далечина, историјата за 7 март е една од најважните лекции во основното образование.

„1887 година, за нас како Албанци, ни дава до знаење дека на овој ден беше отворено првото албанско училиште во Корча, предводено од големиот учител и поборник за знаење Пандели Сотири. По овие години, училиштата почнаа да се отвораат во Ерсека, потоа во нашата земја во Северна Македонија, Косово и насекаде“, рече Исмаил Рушити, наставник по албански јазик.

Дури и оваа година, многу наставници предаваат во уништени училишта или во преполни училници. Учениците Албанци во општина Чашка во Велес продолжуваат да се образуваат на македонски јазик поради институционална неможност да се образуваат на нивниот мајчин јазик.

Мелихате Рустеми

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button