КОШАРКАСПОРТ

Денвер гo победи Хјустон, Оклахома поразенa од Њу Орлеанс

Денвер Нагетс ги победија Хјустон Рокетс со 129:113, додека Оклахома Сити Тандер беа поразени од Њу Орлеанс Пеликанс со 105:101 во синоќешните дуели од НБА лигата. Двократниот МВП играч Никола Јокиќ имаше уште една одлична партија и учествуваше во победата на Денвер над Хјустон со 32 поени, 12 скока и 8 асистенции. Денвер е втор во Западната конференција со 13 победи и седум порази, додека Хјустон е на последното 15. место со пет победи од 20 натпревари.

Клучната тројка за Њу Орлеанс на 44 секунди до крајот ја постигна Зион Вилијамсон, за кого ова беше 100. меч во НБА лигата.

Вилијамсон беше најефикасен кај Њу Орлеанс со 23 поени, по осум скока и асистенции, а Треј Марфи постигна 20 поени, со шест скока, На другата страна Шеј Гилгес-Александер постигна 31 поен, со шест скока, а Лугенц Дорт додаде 14 поени-

На останатите натпревари се постигнати следниве резултати: Филаделфија – Атланта 104:101, Вашингтон – Минесота 142:127, Бостон – Шарлот 140:105, Бруклин – Меџик 109:102, Торонто – Кливленд 100:88, Њу Орлеанс – Оклахома 105:101, Јута – Чикаго 107:114, Сакраменто – Феникс 117:122, Лос Анџелес Лејкерс – Индијана 115:116./Макfax/

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button