КОШАРКАСПОРТ

Денвер ја запишаа 40 победа, Лилард со 40 поени ги растури Лејкерси

Кошаркарите на Денвер победија во Мајами со 112:108, со што ја прекинаа серијата од осум последователни домашни победи на тимот од Флорида. Денвер постојано беше во водство од раната фаза на третата четвртина, што не го испушти до крајот и со тоа ја забележа 40-та сезонска победа. Дабл-дабл учинок во победничкиот тим оствари Никола Јокиќ со 27 поени и 12 скока, а српскиот центар забележа осум асистенции.

Минесота славеше победа во Далас 124:121. Далас губеа со 26 разлика, на крајот стигнаа до минус два, имаа шанса да изборат продолженија во последниот напад, но Ирвинг погреши и „волците“ заслужено славеа. Ирвинг одигра нестварно во последната четвртина, во која постигна 28 од своите 36 поени, Дончиќ забележа 32 поени и 12 скока, Кристијан Вуд веднаш ги следеше со 24 поени. Минесота ја предводеа Ентони Едвардс со 32 и Руди Гобер со 21 поен и 14 скока.

Демијан Лилард со 40 поени ги растури Лејкерси и му донесе вредна победа на Портланд во битката за плеј-офот во НБА. Леброн Џејмс не играше за Лејкерси, најефикасни кај „езерџиите“ беа Малик Бисли со 22 поени и Дејвис со 19 поени и 20 скока.

Кошаркарите на Портланд во првото полувреме постигнаа 17 тројки (рекорд на франшизата), а мечот го завршија со 23 постигнати тројки.

 

Резултати:

Шарлот – Атланта 144:138

Кливленд – Сан Антонио 117:109

Индијана – Јута 117:123

Филаделфија – Хјустон 123:104

Мајами – Денвер 108:112

Њујорк – Бруклин 124:106

Чикаго – Орландо 91:100

Оклахома – Њу Орлеанс 100:103

Далас – Минесота 121:124

Голден стејт – Вашингтон 135:126

Портланд – ЛА Лејкерс 127:115

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button