МАКЕДОНИЈА

Десетина санкционирани возачи во Центар

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот, при што на подрачјето на скопската Општина Центар се изречени вкупно 84 мерки, информираат од МВР.

– Од нив, 8 мерки за управување под дејство на алкохол, 9 за непочитување на брзината на движење, 5 санкции за возење без возачка дозвола, 6 за нерегистрирани и технички неисправни возила, 12 санкции за користење мобилен телефон. Изречени се и 5 санкции за непрописно паркирани возила, соопштија од МВР.

Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови, потецират од министерство, од каде апелират до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button