СВЕТ

Десетици убиени во најголемите протести во казахстан досега

Безбедносните сили убиле десетици антивладини демонстранти во Казахстан во операцијата да се поврати ред во најголемиот град Алмати. Портпаролот на полицијата кажа дека тие тргнале во акција откако демонстрантите се обиделе да заземат полициски станици во градот.

„Во противтерористичка операција елиминирани се десетици напаѓачи“, изјави тој.

Во најголемите нереди во Казахстан досега, кои беа поттикнати од двојното поскапување на течниот гас, убиени се и осуммина припадници на безбедносните сили. Русија кажа дека ќе испрати војска на барање на претседателот Касим-Жомарт Токаев, со цел да помогне да се стабилизира земјата.

Протестите почнаа во неделата во западниот дел на земјата кога владата ја покачи цената на течниот гас, што многумина го користат како гориво во своите автомобили и потоа се проширија во Алмати и главниот град Нур-Султан.

Обвинувајќи дека зад нередите стојат терористички банди обучувани во странство, Токаев прогласи вонредна состојба во земјата и воведе полициски час и забрана за големи собири. Тој е само вториот претседател на Казахстан откако земјата се осамостои во 1991 година, а го наследи Нурсултан Назарбаев во 2019.

Набљудувачките групи велат дека е тешко да се добие поширока слика за тоа што се случува во Казахстан бидејќи владата го исклучи интернетот.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button