ВЕСТИСВЕТ

Десетици жртви во гранатирањата меѓу Израел и Газа, ООН предупредува: Опасност од отворена војна!

Најлошото насилство во последните неколку години меѓу Израелците и Палестинците не покажува знаци на попуштање, што го вклучи алармот во Обединетите нации, од каде денеска предупредија дека конфликтот може да прерасне во „целосна војна“, пренесува Си-Ен-Ен.

Израелските ракетни напади врз Газа досега оставија најмалку 67 жртви, од кои 17 деца. Околу 400 се повредени. Израел соопшти дека најмалку 15 од загинатите биле милитанти на Хамас.

„Запрете го огнот веднаш. Ескалираме кон целосна војна“, твитна Специјалниот координатор на ООН за мировниот процес на Блискиот исток, Тор Венесленд”.

Милитантите од Газа испукаа повеќе од 1.000 ракети кон Израел од почетокот на нападите во понеделникот попладне, при што беа повредени над 200 израелски цивили, соопшти во средата израелската армија. Шестгодишно момче стана седма жртва во Израел кога ракета истрелана од Газа погоди станбена зграда. Околу 130 ракети го погодија Тел Авив синоќа, принудувајќи го главниот израелски меѓународен аеродром Бен Гурион да се затвори.

Голем дел од ракетите беа пресретнати од израелскиот систем за воздушна одбрана „Железна купола“, но неколку го погодија Тел Авив.

Илјадници Израелци ја поминаа ноќта во засолништа.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button