ЕКОНОМИЈА

Десети пат супер милионер џек пот, надминавме сума од 100 милиони денари!

Најомилената добивка на Државна Видеолотарија Касинос Австрија бележи прв јубилеј, го добивме десеттиот СУПЕР МИЛИОНЕР ЏЕК ПОТ, со кој збирната сума на оваа уникатна добивка надмина вртоглави 100.000.000 денари! Овој пат среќата му се насмевна на А.Г. од Битола со добивка во износ од фантастични 9.011.853 денари.

Уште во неверување и возбуден од радосната вест, ни раскажа како го освоил СУПЕР МИЛИОНЕР ЏЕК ПОТОТ, вечерта во петокот, на 27 август. Во неговиот случај правилото „трета среќа“ навистина профункционирало, бидејќи уплатил трипати и по два неуспешни се случило големото изненадување. Сумата која ја доби е извонредна до толку што уште ѝ немал скроено план како да ја искористи.

Со добивката на А.Г. од Битола, Видеолотарија Касинос Австрија достигна точно 100.445.145 денари доделени со СУПЕР МИЛИОНЕР ЏЕК ПОТ, откако оваа неодолива добивка постои, во последниве шест месеци. Оваа сума и понатаму ќе расте и ќе урива рекорди, бидејќи секој може да стане дел од слатката приказна и да добие од 8.000.000 до 12.000.000 денари. Ако на ова ги додадеме добивките од МИЛИОНЕР ЏЕК ПОТ (1.200.000-1.800.000 денари) и МИНИ ЏЕК ПОТ (4.000-5.000 денари), ќе дојдеме до резултат еднаков на бесконечна среќа.

#ИграјЗаЗабава #ИграјОдговорно

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button