ВЕСТИЕКОНОМИЈА

Деспотовски: Големи компании од индустриските зони исплаќаат пониски плати

Ефтината работна сила и натаму е една од главните карактеристики за работниците во индустриските зони. Странските инвеститори сѐ уште на своите работници им исплаќаат плата пониска од просечната плата. Властите во земјава велат компаниите од зоните не треба да се жалат зашто кризата сериозно не ги погодила странските инвеститори. Сѐ уште остануваат и работни места кои треба да се потполнат според плановите дадени од страна на странските инвеститори. Во момнетов во ТИРЗ зоната работат 14.076 вработени, а според планот треба да има 21.370 вработени.

„Искрен да бидам за мене беше изненадувачки во негативна смисла тоа што технолошко понапредни компании исплаќаат пониски плати во однос на останатите во рамки на економијата. Не сме задоволни од нивото на платите кои што луѓето ги добиваат во рамки и сметаме дека тоа ниво треба да биде повисок. Тоа не е никаков притисок ниту наложување. Нема да им наложиме туку со посебна програма за развој на вештини и продуктивност ќе ги потикнеме работодавачите“, рече Јован Деспотовски- Директор на ТИРЗ.

Државата за 2020 исплатила 10,6 милиони евра државна помош на 29 странски инвеститори во земјава за реалзиација на нивните инвестици во зоната. Кризата со ковид-19 го намалил извозот на странските инвеститори за 8 отсо, а увозот за 14 осто во споредба со претходната година. Според Деспотовски бројките говорат дека започнува заздравување и стабилизирање на економските движења во зоната бидејќи падот во претходните квартали од 2020 биле поголеми.

Андреа Чобанова

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button